Излез (2 Moj.) 2:17-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. Но дојдоа и пастирите и ги истераа. Мојсеј стана, ги одбрани и им го напои стадото.

18. Кога се вратија при својот татко Рагуил, тој ги праша: „Како се вративте денес толку брзо?”

19. Тие одговорија: „Еден Египетец нè одбрани од пастирите, и уште ни нацрпи вода и ни го напои стадото.”

20. „Каде е? - ги праша тој своите ќерки. - Зошто го оставивте човекот? Повикајте го на ручек.”

21. Мојсеј се согласи да остане при човекот. Тој го ожени Мојсеја со својата ќерка Сепфора.

22. А кога таа роди син, тој му го даде името Гирсам, „зашто сум - рече - странец во туѓа земја.”

23. По долго време почина египетскиот цар. Израелците уште стенкаа во ропство. Викаа, и нивниот повик за помош, среде ропството, се издигна до Бога.

24. Бог го чу нивното викање за помош и се сети за Својот Завет со Авраама, Исака и Јакова.

25. И Бог погледна на Израелците, и се зазеде за нив.

Излез (2 Moj.) 2