Излез (2 Moj.) 2:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Некој си човек од Левиевото колено отиде и се ожени со девојка Левијка.

2. Жената зачна и роди син. Откако виде колку е красен, го криеше три месеци.

3. Кога не можеше веќе да го крие, набави кошница од папирусова трска, ја намачка со смола и катран, го стави детето во неа и го положи во трските на брегот на Реката.

4. Неговата сестра застана подалеку, да види што ќе биде со него.

5. Фараоновата ќерка слезе до Реката да се капи, додека нејзините слугинки шетаа по брегот на Реката. Таа ја забележа кошницата во трските, па ја испрати слугинката да ја донесе.

6. Ја отвори и погледа, а тоа во неа: дете! Машко чедо. Плачеше. Таа му се сожали. „Тоа ќе е еврејско дете”, рече.

Излез (2 Moj.) 2