Излез (2 Moj.) 2:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Некој си човек од Левиевото колено отиде и се ожени со девојка Левијка.

2. Жената зачна и роди син. Откако виде колку е красен, го криеше три месеци.

3. Кога не можеше веќе да го крие, набави кошница од папирусова трска, ја намачка со смола и катран, го стави детето во неа и го положи во трските на брегот на Реката.

4. Неговата сестра застана подалеку, да види што ќе биде со него.

Излез (2 Moj.) 2