6. вие ќе Ми бидете царство, свештеници, свет народ.’ Кажи им ги тие зборови на Израелците.”
7. Мојсеј се врати и ги свика народните старешини па им изложи сè што му нареди Господ.
8. А целиот народ одговори едногласно: „Ќе правиме сè што нареди Господ.” Тогаш Мојсеј Му го пренесе на Господа одговорот на народот.
9. Тогаш Господ му рече на Мојсеја: „Еве, Јас ќе дојдам при тебе во густ облак, за да чуе народот кога ќе зборувам со тебе, и да ти верува засекогаш.”
10. „Тргни кон народот - му рече Господ на Мојсеја - и посветувај го денес и утре. Нека ја испере својата облека;