20. Господ слезе на Синајската Гора, на врвот, и Господ го повика Мојсеја на врвот на гората. Мојсеј се искачи.
21. Сега Господ му рече на Мојсеја: „Слези и опомени го народот, за да не навалува кон Господа да го види. Мнозина би загинале.
22. И самите свештеници, кои доаѓаат близу до Господа, треба да се очистат, за да не ги уништи Господ.”
23. Народот не може да се искачи на ридот Синај - Му одговори Мојсеј на Господа - зашто Ти Самиот нè опомена: ‘Постави граници околу ридот и прогласи го за свет.’”