Излез (2 Moj.) 19:15-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. „Бидете готови за задутре! - му рече Мојсеј на народот. Не приближувајте се до жена!”

16. А на третиот ден, при разденување, зататни грмеж, засветкаа молњи, а густ облак се наднесе над ридот. Грмливо екна трубата, се стресе целиот народ што беше во логорот.

17. Мојсеј го поведе народот од логорот во пресрет на Бога. Застанаа при подножјето на ридот.

18. Планината Синај беше завиткана во дим, зашто Господ слезе на неа во оган. Се креваше дим како дим од печка. Целата планина се тресеше силно.

19. Звукот на трубата стануваше сè посилен. Мојсеј зборуваше, а Господ му одговараше со глас.

Излез (2 Moj.) 19