Излез (2 Moj.) 19:10-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. „Тргни кон народот - му рече Господ на Мојсеја - и посветувај го денес и утре. Нека ја испере својата облека;

11. нека биде готов задутре, зашто задутре Господ ќе слезе на гората Синај, пред очите на целиот народ.

12. Постави наоколу граници за народот и дај наредба: ‘Внимавајте да не се искачувате на ридот; да не се допрете ни до подножјето! Секој што ќе се допре до ридот, ќе го најде смрт.

13. Ничија рака да не се допре до него, туку нека биде затрупан со камења или застрелан со стрела: било да е човек или животно, нека не остане во живот.’ Нека се искачуваат на ридот при отегнатиот звук на трубата.”

Излез (2 Moj.) 19