Излез (2 Moj.) 19:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Три месеци по излезот од Египетската Земја, на истиот ден, Израелците стигнаа во Синајската Пустина.

2. Идејќи од Рафидин, дојдоа во Синајската Пустина и се влогорија во пустината. Израелците го поставнја логорот тука пред гората,

3. а Мојсеј се искачи кон Господа. Господ го повика од планината и му рече: „Кажи му вака на Јакововиот дом, разгласи им на Израелевите деца:

4. ‘Вие видовте што им направив на Египетците; како ве носев на орелски крилја и ве доведов при Себе.

Излез (2 Moj.) 19