21. Тогаш, избери од целиот народ способни луѓе, кои се бојат од Бога, и праведни, кои го мразат поткупот, па постави ги за главатари на народот: илјадници, стотници, педесетници и десетници.
22. Нека му судат на народот во секое време. Сите поголеми случаи нека ги изнесуваат пред тебе, а за помалите нека пресудуваат сами. Олесни си го бремето: нека го носат тие со тебе.
23. Ако направиш така и Бог ти го одобри тоа, ќе можеш да издржиш, и сиот овој народ ќе си оди дома во мир.”
24. Мојсеј го послуша советот на својот дедо и направи како што го посоветува.
25. Мојсеј избра способни луѓе од сите Израелци па ги постави за главатари на народот: илјадници, стотници, педесетници и десетници.
26. Тие му судеа на народот во секое време. Потешките случаи му ги изнесуваа на Мојсеја, а за помалите решаваа сами.
27. Потоа Мојсеј го отпушти својот дедо, и тој отиде во својата земја.