Излез (2 Moj.) 17:7-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Местото го нарекоа Маса и Мерива, заради тоа што Израелците се препираа и Го искушуваа Господа, зборувајќи: „Дали е Господ меѓу нас или не е?”

8. Тогаш дојдоа Амаликците и завојуваа со Израелците кај Рафидин.

9. А Мојсеј му рече на Исуса: „Одбери момчиња па тргни и зафати борба со Амаликците. Јас ќе застанам утре на врвот на ридот со Божјиот стап во раката.”

10. Исус направи како што му рече Мојсеј и стапи во борба со Амаликците, а Мојсеј, Арон и Ор се искачија на врвот на брдото.

11. И додека Мојсеј ги држеше рацете издигнати, Израелците победуваа; а кога ќе ги спуштеше рацете, победуваа Амаликците.

Излез (2 Moj.) 17