1. Целата израелска заедница, по Господова заповед, тргна натаму од пустината Син. Се влогорија кај Рафидим. Таму немаше вода да пие народот.
2. Затоа народот почна да се препира со Мојсеја. Викаа: „Дај ни вода да пиеме!” А Мојсеј им одговори: „Зошто се препирате со мене? Зошто Го искушувате Господа?”
3. Ама народот ожедне за вода, па ропташе против Мојсеја и говореше: „Зошто нè изведе од Египет? Зар да не помориш со жед, нас, нашите деца и нашиот добиток?”
4. „Што да правам со овој народ! - извика Мојсеј кон Господа. Уште малку па ќе ме каменуваат.”
5. „Истапи пред народот! - му рече Господ на Мојсеја. Земи со себе неколку израелски старешини; земи го во раката стапот, со кој ја удри Реката, и тргни.
6. А Јас ќе стојам пред тебе таму, на карпата во Хорив. Удри по карпата: од неа ќе потече вода, па нека се напие народот.” Мојсеј направи така пред очите на израелските старешини.
7. Местото го нарекоа Маса и Мерива, заради тоа што Израелците се препираа и Го искушуваа Господа, зборувајќи: „Дали е Господ меѓу нас или не е?”