Излез (2 Moj.) 16:27-34 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

27. Имаше некои што одеа и во седмиот ден да ја соберат, ама ништо не најдоа.

28. Затоа Господ му рече на Мојсеја: „До кога ќе одбивате да им се покорите на Моите заповеди и на Моите закони?

29. Погледајте! Затоа што Господ ви ја даде саботата, ви дава храна на шесттиот ден за два дни. Нека секој стои каде што е; нека никој не излегува од својот шатор во седмиот ден.”

30. Така народот се одморуваше на седмиот ден.

31. Израелевиот дом ја нарече таа храна: мана. Беше како кориандрово зрно; бела, а имаше вкус на медено колаче.

32. Тогаш Мојсеј рече: „Ова е заповед што ја даде Господ: ‘Наполнете со тоа еден гомор и чувајте го за своите потомци, за да ја видат храната со која ве хранев во пустината, кога ве избавив од Египетската Земја.’”

33. И Мојсеј му нареди на Арона: „Земи еден сад; стави во него цел гомор мана, а потоа положи го пред Господа, да се пази за вашите потомци.”

34. Како што Господ му нареди на Мојсеја, Арон ја сложи пред Сведоштвото на чување.

Излез (2 Moj.) 16