Излез (2 Moj.) 16:25-29 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

25. „Јадете го тоа денес - им рече Мојсеј - зашто овој ден е сабота во чест на Господа; денес не ќе најдете мана во полето.

26. Собирајте ја шест дни, а на седмиот, во сабота, ќе ја нема.”

27. Имаше некои што одеа и во седмиот ден да ја соберат, ама ништо не најдоа.

28. Затоа Господ му рече на Мојсеја: „До кога ќе одбивате да им се покорите на Моите заповеди и на Моите закони?

29. Погледајте! Затоа што Господ ви ја даде саботата, ви дава храна на шесттиот ден за два дни. Нека секој стои каде што е; нека никој не излегува од својот шатор во седмиот ден.”

Излез (2 Moj.) 16