1. Потоа тргнаа од Елим, и сета израелска заедница дојде во пустината Син, што е меѓу Елим и Синај, во петнаесеттиот ден на вториот месец по излезот од Египетската Земја.
2. Целата израелска заедница почна да мрмори во пустината против Мојсеја и Арона.
3. „Ох, да изумревме од Господовата рака во Египетската Земја, кога седевме покрај грнци со месо и јадевме леб до наситка! - им рекоа. Нè изведовте во оваа пустина за да го поморите со глад целово ова мноштво!”