Излез (2 Moj.) 15:22-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

22. Мојсеј ги раздвижи Израелците од Црвеното Море, и тргнаа на пат низ пустината Сур. Патуваа низ пустината три дни, а не најдоа вода.

23. Дојдоа до Мера, ама не можеа да пијат вода кај Мера, зашто беше горчлива. Затоа и се вика Мера.

24. Народот мрмореше против Мојсеја и зборуваше: „Што ќе пиеме?”

25. А тој Го повика Господа. Господ му покажа едно дрво. Го фрли тој дрвото во водата, и водата стана слатка. Таму Господ им даде закон и право и таму ги стави во искушение.

Излез (2 Moj.) 15