Излез (2 Moj.) 14:23-26 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

23. Египетците: сите фараонови коњи, колите и коњаниците, навлегоа по нив во морето, во потера.

24. При утринската стража, Господ погледна од огнениот и облачниот столб на египетската војска и создаде смут во неа.

25. Ги закочи тркалата на нивните коли, така што едвај се движеа напред. „Да бегаме од Израелците! - извикаа Египетците - зашто Господ се бори за нив против Египетците!” Тогаш Господ му рече на Мојсеја:

26. „Протегни ја раката над морето, за да се вратат водите врз Египетците, врз нивните коли и коњаници.”

Излез (2 Moj.) 14