Излез (2 Moj.) 10:20-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

20. Ама Господ го закорави срцето на фараонот, и тој не ги пушти Израелците.

21. „Испружи ја раката кон небото - Господ му рече на Мојсеја - па нека се спушти темнина над Египетската Земја, темнина што ќе може да се опипа.”

22. Мојсеј ја протегна раката кон небото, и се спушти густа темнина на сета Египетска Земја: траеше три дни.

23. Три дни луѓето не можеа да се видат еден-друг, и никој не се помрдна од своето место. А во местата каде што живееја Израелците блескаше светлина.

Излез (2 Moj.) 10