18. Ама Израелевите синови не ги нападнаа, зашто главатарите на заедницата им се заколнаа во Господа, Израелевиот Бог. Но сета заедница почна да вика против главатарите.
19. Тогаш сите главатари и рекоа на заедницата: „Ние им се заколнавме во Господа, Израелевиот Бог, и затоа не смееме да ги гибаме.
20. Еве што ќе правиме: да ги оставиме да живеат, за да не нè стигне гнев заради заклетвата со која се заколнавме.”
21. Уште главатарите додадоа: „Нека живеат и нека бидат дрвосечачи и водоносци на целата заедница.” Сето општество го прифати тоа што го рекоа главатарите.
22. Исус ги повика Гаваонците и им рече: „Зашто нè измамивте, велејќи: ‘Многу сме далеку од вас,’ кога, ете, живеете среде нас?
23. Затоа сега ќе биде клетва врз вас, и никогаш не ќе го снема ропството меѓу вас: ќе бидете дрвосечачи и водоносци за Домот на мојот Бог.”