Исус Навин 9:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. За сите настани чуја сите цареви од онаа страна на Јордан во Горјето, во Шефел и вдолж на целиот брег на Големото Море, сè до Ливан: Хетејците, Аморејците, Ханаанците, Ферезејците, Евејците и Евусејците -

2. па сите се здружија за да удрат сложно против Исуса и Израела.

3. А жителите на Гаваон, поучени од она што Исус му направи на Ерихон и Гај,

4. се присетија на итрина. Почнаа да се преправаат дека се патници: фрлија стари вреќи и вински мевови, искинати и закрпени на своите ослиња,

5. Обуја на нозете употребувани и закрпени обувки и облекоа на себе стара облека. Сиот леб што го носеа со себе беше сув и мувлосан.

6. Стигнаа кај Исуса во галгалскиот логор и им рекоа: нему и на луѓето Израелци: „Доаѓаме од далечна земја, склучите сојуз со нас.”

Исус Навин 9