Исус Навин 7:21-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

21. видов во пленот убава вавилонска наметка, две стотини сикли сребро и златна плоча што тежи педесет сикли, па се полакомив и ги зедов за себе. Ене сè е закопано среде мојот шатор, а среброто е одоздола.”

22. Тогаш Исус испрати пратеници, кои отрчаа во шаторот. И ете, сè беше закопано во шаторот, а среброто одоздола.

23. Зедоа сè од шаторот и им го донесоа на Исуса и на Израелевите старешини и го положија пред Господа.

Исус Навин 7