Исус Навин 6:11-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. И нареди Господовиот Ковчег да обиколи еднаш околу градот, па да се вратат во логорот и да преноќеваат таму.

12. Исус подрани утреден, и свештениците го понесоа Ковчегот на Заветот.

13. А седумте свештеници кои носеа седум труби од овновски рогови тргнаа пред Господовиот Ковчег. Одејќи трубеа во трубите, војниците одеа пред нив, а заштитницата пак зад Господовиот Ковчег, додека трубите одекнуваа.

14. Така и на другиот ден обиколија еднаш околу градот, па се вратија назад во логорот.

15. А на седмиот ден станаа во зората и обиколија околу градот, по истиот онаков ред, седумпати. Само во тој ден обиколија седумпати околу градот.

Исус Навин 6