Исус Навин 5:13-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Кога Исус му се приближи на градот Ерихон, ги подигна очите и здогледа човек како стои пред него со извлечен меч во раката. Исус му пристапи и го праша: „Дали си ти со нас или си со нашите непријатели?”

14. А тој одговори: „Не, јас сум водач на Господовата војска, и тукушто дојдов. . .” Тогаш Исус падна ничкум, му се поклони и рече: „Што му заповедаш, Господару, на својот слуга?”

15. А предводникот на Господовото воинство му одговори на Исуса: „Собуј ги обувките од своите нозе, зашто е свето местото на кое што стоиш.” И Исус направи така.

Исус Навин 5