Исус Навин 22:1-3 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Тогаш Исус ги свика синовите Рувимови и Гадови и половината од Манасиевото племе,

2. и им рече: „Извршивте сè што Мојсеј, Господовиот слуга, ви заповеда, и ме послушавте во сè што ви наредив.

3. Не ги оставивте своите браќа и покрај долгото војување до денешниот ден, и ги вршевте верно заповедите на Господа, својот Бог.

Исус Навин 22