Исус Навин 21:28-45 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

28. Од Исахаровото племе: Кисон со пасиштата, Даврот со пасиштата,

29. Јармут со пасиштата и Ен-Ганим со пасиштата: четири града.

30. Од Асировото племе: Мисал со пасиштата, Авдон со пасиштата,

31. Хелкат со пасиштата и Реов со пасиштата: четири града.

32. Од Нефталимовото племе: град - засолниште Кедес во Галилеја со пасиштата, Амот-Дор со пасиштата и Картан со пасиштата: три града.

33. Вкупно Гирсонови градови според нивните семејства беа тринаесет со пасиштата.

34. На семејствата на Мерариевите синови, на левитите што останаа им ги дадоа од Завулоновото племе: Јокнеам со пасиштата, Карта со пасиштата,

35. Димна со пасиштата, Налол со пасиштата: четири града.

36. Од онаа страна на Јордан, од Рувимовото племе, им ги дадоа: градот - засолниште Восор со пасиштата на пустинската висорамнина, Јаза со пасиштата,

37. Кедимот со пасиштата, Мефат со пасиштата; четири града.

38. Од Гадовото племе: градот - засолниште Рамот во Галада со пасиштата, Маханаим со пасиштата,

39. Есевон со пасиштата, Јазир со пасиштата: четири града.

40. Вкупно им беа доделени со жрепка на семејствата на Мерариевите синови, на левитите што останаа, дванаесет градови.

41. Така среде наследството на Израелевите синови беа четириесет и осум левитски градови со пасиштата.

42. Секој тој град имаше и пасишта наоколу. Така беше со сите спомнати градови.

43. Така Господ им ја даде на Израелците сета земја за која се заколна дека ќе им ја даде на нивните татковци. Ја примија во сопственост и се населија во неа.

44. И Господ им даде да се одморат во мир на сите меѓи, како што им се беше заколнал на нивните татковци. Никој од нивните непријатели не беше способен да им даде отпор.

45. Од сите ветувања што Господ му ги даде на Израелевиот дом ниедно не остана неисполнето. Сè се исполни.

Исус Навин 21