Исус Навин 20:2-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. ”Кажи им на Израелевите синови и речи им: ‘Одредете си за себе градови - засолништа за кои што ви зборував преку Мојсеја,

3. за да би таму можел да избега убиец кој ќе убие некого од несакање, и за да ви бидат засолништа од крвниот одмазник.

4. Ако убиец избега во некој од тие градови, нека застане пред градската врата и нека им ја изнесе на старешините на тој град својата работа. Тие нека го примат во својот град и нека му одредат место каде ќе престојува меѓу нив.

Исус Навин 20