27. Потоа завртуваше кон сончевиот исток до Вет-Дагон, и допираше до Завулон и до долината Ефтаил од север; натаму се тегнеше низ Ветемек и Наил и стигнуваше до Хавул одлево,
28. па Хеврон, Реов, Амон и Кана сè до Големиот Сидон.
29. Тогаш меѓата свртуваше кон Рама и до тврдиот град Тир, па завртуваше кон Оса и излегуваше на море. Ги опфаќаше Махалев, Ахсив.
30. Ама, Афек и Реов: дваесет и два града со нивните села.
31. Тоа е наследство на племето на Асировите синови според нивните семејства: тие градови и нивните села.
32. Шестата жрепка излезе за Нефталимовите синови според нивните семејства.
33. Нивната меѓа оди од Елав и од Алон во Сананим, од Адами-Некева и од Јавнил до Лакум и излегува на Јордан.