Исус Навин 19:10-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Третата жрепка излезе за синовите на Завулоновото племе според нивните семејства: нивното подрачје стигаше до Сарида,

11. откаде нивната меѓа се искачуваше на запад до Марала, стигнуваше до Давасет и допираше до потокот што е спроти Јокнеам.

12. Од Сарида меѓата свртуваше кон исток, сè до меѓата на Кислот-Тавор, откаде излегуваше до Даврат и се искачуваше до Јафа.

13. А оттаму одеше пак кон исток, до Гита Ефер и до Ита-Касин, излегуваше на Ремон и се враќаше до Неа.

14. Оттаму свртуваше од север околу Анатон и завршуваше во долината Јефта-Ил.

15. Па Катат, Налал, Симрон, Идал и Витлеем: дванаесет градови со своите села.

Исус Навин 19