Исус Навин 18:15-27 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. Јужната страна почнуваше од границите на Киријат-Јарим, па се тегнеше на запад кон изворот Нефтој,

16. потоа меѓата се спушташе до крајот на гората што е спроти долината на Еномовиот син на север на Рафаимската низина, потоа слегуваше во долината Еном покрај Јевусејската Стрмина и стигаше до изворот Ен-Рогил.

17. Потоа свртуваше од север па излегуваше на Ен-Семес и го допираше Галилот, што се издига спроти Адумимското Нагорниште, и слегуваше на Каменот Воан, на Рувимовиот син.

18. Потоа поминуваше по стрмината од северната страна на Вет-Арава и слегуваше до Арава.

19. Натаму меѓата течеше покрај стрмината Вет-Огла кон север и свршуваше на северниот залив на Соленото Море, до јужниот крај на Јордан. Тоа е јужната меѓа.

20. Јордан пак беше меѓа на источната страна. Тоа е наследството на Венијаминовите синови, со нивните меѓи наоколу според нивните семејства.

21. Градовите на племето на Венијаминовите синови според нивните родови се: Ерихон, Вет-Огла, Емек-Кесис;

22. Вет-Арава, Семараим, Ветил;

23. Авин, Фара, Офра;

24. Хефар-Амона, Офниј и Гава: дванаесет градови со своите села.

25. Гаваон, Рама, Вирот;

26. Миспа, Хефира, Моса;

27. Рекем, Ирфаил, Тарала;

Исус Навин 18