Исус Навин 18:10-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. А Исус фрли за нив жрепка во Сило пред Господа, и таму им ја раздели Исус земјата на Израелевите синови според нивните племенски делови.

11. И жрепката му падна на племето на Венијаминовите синови според нивните родови: се утврди дека нивниот дел е меѓу делот на Јудините синови и на Јосифовите синови.

12. Северната меѓа им се тегнеше од Јордан па излегуваше покрај северната стрмина на Ерихон, се искачуваше од запад на гората и завршуваше во пустината Вет-Авен.

Исус Навин 18