Исус Навин 17:9-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Меѓата влегуваше до потокот Кана. Јужно од потокот беа и овие градови што им припаѓаа на Ефремовите синови од Манасиевите градови; А Манасиевата земја се наоѓаше на север и излегуваше на море.

10. Подрачјето на југ му припаѓаше на Ефрем, на север на Манасиј, а морето им беше меѓа; на север граничеа со Асир, а на исток со Исахар.

11. На Манасиј му припаѓаа во Исахар и во Асир; Вет-Сан со своите села, Ивлеам со своите села, жителите на Дор со своите села, жителите на Мегид со своите села; и така: три подрачја.

12. Но Манасиевите синови не можеа да ги освојат тие градови, и затоа Ханаанците останаа во тој крај.

13. Но кога Израелевите синови зајакнаа, им наметнаа на Ханаанците данок, ама не успеаја да ги протераат.

14. Тогаш Јосифовите синови му се обратија на Исуса и прашаа: „Зошто ни даде во наследство според една жрепка, само еден дел, кога сме многубројни и Господ нè благословуваше досега?”

15. Исус им одговори: „Штом сте многуброен народ, отидете во горите и расчистете си таму земја во ферезејската и рафајската околија, ако ви е претесна Ефремовата Гора.”

16. А Јосифовите синови рекоа: „Оваа гора не ќе ни биде достатна, а сите Ханаанци кои живеат во рамницата имаат железни коли, тие што се во Вет-Сан и во нивните села, и тие што се во Езраелската Долина.”

17. Тогаш Исус му одговори на Јосифовиот, и Ефремовиот и Манасиевиот дом: „Вие сте многуброен народ и имате голема сила. Затоа не ќе добиеш само една жрепка:

18. гората нека биде твоја. Ако е со дрва, исечи ги, па стрмината ќе биде сопственост на твојот дом. Ќе ги изгониш безбедно Ханаанците и ако имаат железни коли, и ако се јаки.”

Исус Навин 17