Исус Навин 13:26-32 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

26. и од Есевон до Рамот Миспа и Ветоним, и од Маханаим до покраината Ло-Девир;

27. а во долината: Вет Арам, Вет Нимра, Сокот и Сафон, односно остатокот на царството на Сион, есевонскиот цар; Јордан со брегот сè до крајот на Хинеротското Море, на источната страна на Јордан.

28. Тоа е наследството на Гадовите синови, според нивните семејства, нивните градови и села.

29. Мојсеј и даде дел на половината на Манасиевото племе според неговите семејства.

30. Ги добија во сопственост: земјата од Махан, сиот Васан, сето царство на Ог, васанскиот цар, и сите Јаирови села, што се во Васан - шеесет градови.

31. А половината на Галад, Астарот и Едраин, градовите на Оговото царство во Васан, им припаднаа на синовите на Махир, Манасиевиот син, и тоа половина на Махировите синови според нивните семејства.

32. Така Мојсеј ги подели наследствата во Моавските Полиња, од другата страна на Јордан, источно од Ерихон.

Исус Навин 13