Исус Навин 12:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Овие се земните цареви што Израелците ги победија и ја освоија нивната земја од онаа страна на Јордан кон исток, од потокот Арнон до гората Ермон, со сета Араба на исток:

2. Сион, аморејски цар, кој престолуваше во Есевон; неговото царство се тегнеше од Ароир, што лежи на работ на долината на потокот Арнон, по средината на долината и половина од Галад па до потокот Јавок, каде што граничеше со Амонците;

3. и на исток му беше Араба до Кинеретското Море од една страна и сè до Арабјанското или Соленото Море кон Вет-Симот; и натаму кон југ до подножјето на Фасга.

4. Со него граничеше Ог, васански цар, еден од последните Рафаинци; престолуваше во Астарот и Едраин.

Исус Навин 12