Исус Навин 10:40-43 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

40. Така Исус го зазеде сиот оној крај: Горјето и Негев, Шафел и Височините - и сите нивни цареви. Не остави преживеани, туку му предаде на клето уништување сè што дишеше, како што заповеда Господ, Израелевиот Бог.

41. И ги погуби Исус сите од Кадис Варниј до Газа, и сиот крај Госен до Гаваон.

42. Исус ги зазеде одеднаш сите тамошни цареви и нивните земји, зашто Господ, Израелевиот Бог, се бореше за Израел.

43. Најпосле Исус и сиот Израел се вратија во логорот во Галгал.

Исус Навин 10