Исус Навин 10:29-32 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

29. Потоа отиде Исус и сиот Израел од Макид во Ливна и удри на неа.

30. Господ и неа и нејзиниот цар ги предаде во рацете на Израел, кој со острилото на мечот истреби сè живо во неа; не поштеди никого, а со царот на Ливна направи како и со ерихонскиот цар.

31. Потоа отиде Исус и сите Израелци од Ливна во Лахис, го опсади и го нападна.

32. Господ го предаде Лахис во рацете на Израелците, кои го освоија утреден: истепаа со острилото на мечот сè живо во него, онака како што сторија со Ливна.

Исус Навин 10