Исаија 7:18-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

18. Во оној ден, Господ ќе им даде знак на мувите на вливот на египетските реки, и на пчелите во Асирската Земја,

19. да дојдат и да слетаат по стрмните долови, по расцепените карпи, по сите трништа и по сите пасишта.

20. Во оној ден, ќе ги избричи со брич наемен од онаа страна на Еуфрат - со асирскиот цар - косата од главата, влакната од нозете и брадата од образите.

21. Во оној ден, секој ќе храни по една крава и по две овци,

22. и од изобилството на млекото што ќе му го дадат ќе се храни со маст; ќе се хранат со маст и мед сите што ќе останат во земјата.

Исаија 7