Исаија 64:8-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Па сепак, наш Татко си, о Господи: ние сме глина, а Ти си нашиот Грнчар - сите ние сме дело на Твоите раце.

9. Не гневи се, Господи, многу жестоко, не спомнувај си непрекратно за нашата кривица. Де погледај - па сите ние сме Твој народ!

10. Запустија Твоите свети градови, Сион стана пустина, и Ерусалим запустеност.

11. Домот, нашата светина и нашата слава, во кој Те славеа нашите татковци, изгоре во оган, и сите скапоцености ни се ограбени.

12. Зар на сè тоа ќе се воздржуваш, Господи, зар ќе молчиш и ќе нè натажуваш премногу?

Исаија 64