Исаија 63:2-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Зошто е црвена твојата облека, и рувото како кај оној кој гази во кацата?

3. - Самиот газев во кацата, од народите никој не беше. Ги изгазив во Својот гнев и ги згмечив во Својата јарост. Нивната крв Ми ја испрска облеката, го извалкав сето Свое руво.

4. Зашто денот на одмаздата Ми беше во срцето, дојде годината на Моето искупување.

5. Се обѕрнав, но немаше помошник! Се зачудив, но немаше поткрепа. Тогаш Ми помогна Мојата мишка, и Мојата лутина Ме поткрепи.

6. Ги сотрев народите во Својот гнев, сите ги изгазив во јарост, и земјата ја натопив со нивната крв!”

7. Ќе ја славам Господовата љубов, Неговите славни дела - за сè што им стори Господ, за големата добрина кон Израелевиот дом, што ни ја искажа во Својата сомилост, во изобилството на Својата љубов.

8. Рече: „Доста, тие се Мој народ, синови, кои не ќе изеневерат!” И Тој им стана Спасител.

9. Во сите нивни тешкотии Тој ги сожалуваше, и Ангел на Неговата присутност ги избавуваше; поради Својата љубов и сомилост, Самиот ги откупи, ги дигна и ги носеше во сите дни на древноста.

Исаија 63