Исаија 63:15-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. Погледај од небесата и види од Своето свето и славно живеалиште. Каде е Твојата ревност и сила? Зар престанаа наклонетоста на Твоето срце и Твојата милост кон мене? Ах, не воздржувај го Твоето сочувство,

16. зашто си наш Татко! Авраам не нè познава и Израел не нè признава за свои; Господи, Ти си наш Татко, наш Искупител - Името Ти е од секогаш.

17. Зошто, о Господи, зошто нè оставаш да скитаме далеку од Твоите патишта, зошто ни даде да ни затврднат срцата за да не се боиме повеќе од Тебе? Врати се, заради Своите слуги и заради племињата што се Твое наследство!

18. Зошто безбожниците го газат Твоето Светилиште, а нашите непријатели ја валкаат Твојата светост?

19. Одамна станавме како оние, со кои веќе не владееше и кои веќе не го носат Твоето Име.

Исаија 63