Исаија 60:11-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Твојата врата ќе биде отворена секогаш, не ќе се затвора ни дење ни ноќе, за да ги пропушти кон тебе богатствата на народите, со царевите кои ги водат.

12. Зашто ќе пропаднат народот и царството што не ќе сака да ти служи, и тие народи ќе се сотрат сосем.

13. Славата на Ливан ќе дојде при тебе, чемпресите, јаворите и брезите заедно, за да го украсат просторот на Моето Светилиште, ќе го прослават Моето подножје!

14. При тебе ќе доаѓаат, наведнати синовите на твоите угнетувачи, ќе ти паѓаат пред нозе кои те презираа. Ќе те наречуваат Господов Град, Сион на Израелевиот Светец.

Исаија 60