4. Од грмливите гласови на оние кои воскликнуваа се стресоа довратниците на праговите, а Домот се исполни со дим.
5. Реков: „Тешко мене, пропаднав, зашто сум човек со нечисти усни, живеам во народ со нечисти усни, а моите очи Го видоа Царот, Господ над Војските!”
6. Еден од серафимите долета кон мене: во рацете имаше жар што го зеде со клешти од жртвеникот;
7. се допре со неа до мојата уста и рече: „Еве, ги допре твоите усни, вината ти е симната и гревот очистен.”
8. Тогаш го чув Господовиот глас: „Кого да испратам? И кој ќе ја однесе нашата порака?” Јас реков: „Еве ме, испрати ме мене!”
9. Тој одговори: „Отиди и речи му на тој народ: ‘Со уши ќе слушате, но нема да разбирате, и со очите ќе гледате, но нема да видите.’