14. Ќе се зборува: „Насипете, насипете, израмнете го патот! Отстранете ги пречките од патот на Мојот народ!”
15. Зашто вака зборува Вишниот и Возвишениот, Кој вечно живее, и Името Му е Светиот: „Престолувам во високо и свето место, но Јас Сум и со угнетуваните и со понижуваните, за да го оживеам духот на смирените, за да го оживеам срцето на скрушените.
16. Зашто нема да се препирам довека, ниту да се лутам вечно: пред Мене би подлегнале духот и душите што Сум ги создал.