Исаија 57:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Праведникот загинува и никој не го зема тоа при срце. Ги отстрануваат побожните луѓе и никој не сфаќа. Да, заради злото отстранет е праведникот

2. за да би влегол во мир. Секој што оди по прав пат се одморува на своето легло.

3. „Пристапете сега, синови на вражалката, блудничко и прељубничко легло!

4. Со кого се потсмевате, против кого ја отворате устата широко и кому му го плазите јазикот? Не сте ли вие чеда на престап и рожба на лагата?

5. Вие, кои се распалувате меѓу дабовите, под секое зелено дрво, жртвувајќи деца во долините и во расцепнатините на стените!

6. Твојот дел е меѓу поточните каменчиња, тие, тие се твое наследство. Ним им ја излеваш налевницата, ним им принесуваш дарови! Зар да се утешам Јас со тоа?

Исаија 57