Исаија 56:3-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Нека синот на туѓинецот, кој се прилепил кон Господа, не зборува: „Господ ќе ме одвои сосем од својот народ.” Нека скопениот не зборува: „Еве, јас сум суво дрво.”

4. Зашто вака зборува Господ: „Со скопените што ги пазат саботите, кои избираат што Ми е мило Мене, и остануваат постојани во Мојот Завет

5. ќе издигнам во Мојата куќа и меѓу Моите ѕидови споменик и име, подобро отколку на синовите и ќерките, ќе им дадам вечно име што не ќе биде истребено.

6. А туѓинските синови, кои се определија за Господа за да Му служат и за да го љубат Господовото Име и за да Му бидат слуги, кои ја почитуваат саботата и не ја онечистуваат и кои се постојани во Мојот Завет,

7. нив ќе ги доведам на Мојата Света Гора и ќе ги развеселам во Мојот Молитвен Дом. Нивните паленици и жртви ќе бидат угодни на Мојот жртвеник, зашто Мојот Дом ќе се нарече Дом на Молитва на сите народи.”

8. Говори Господ Бог, Кој ги собира распрснатите Израелци: „Ќе ги соберам уште покрај оние што веќе се собрани.”

9. Сите полски ѕверови, дојдете да јадете, и вие сите, горски ѕверови!

Исаија 56