4. Не бој се, нема да се посрамиш, не срами се, не ќе црвенееш. Ќе го заборавиш срамот на својата младост и веќе нема да си спомнуваш за подбивот на своето вдовство.
5. Зашто сопруг ти е твојот Творец, името Му е Господ над Воинствата, твој Искупител е Израелевиот Светец, Тој се вика Бог на целата земја.
6. Да, како оставена жена, натажена во душата, Господ те повика. Не смее да се отпушти жената на својата младост,” говори твојот Бог.
7. „Те оставив тебе за краток миг, но пак ќе те прегрнам со голема милост.
8. При изблик на гнев, за миг го скрив Своето лице од тебе, но ти се смилував со вечна љубов, зборува Господ твојот Искупител.
9. Ќе ми биде како за време на Ноевите денови, кога се заколнав дека Ноевите води нема да ја преплават веќе земјата; така се заколнувам дека веќе нема да се срдам на тебе ниту ќе ти се заканувам.