Исаија 54:1-3 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. „Воскликнувај неротко, која не си раѓала; подвикнувај од радост, ти што не знаеш за породилните болки! Зашто осамената има повеќе деца отколку омажената,” вели Господ.

2. „Рашири го просторот на својот шатор распростри го, не штеди го платното на своето живеалиште, продолжи му ги јажињата, зацврсти ги колчињата,

3. зашто ќе се прошириш десно и лево. Твоето потомство ќе завладее над народите, и ќе ги насели запустените градови.

Исаија 54