Исаија 51:1-3 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. „Послушајте ме, вие кои се стремите кон правдата, кои Го барате Господа; погледајте ја стената од која сте отсечени, и длабоката јама од која сте извадени.

2. Погледајте го својот татко Авраам и Сара, која ве роди! Да, сам беше кога го повикав, но го благословив и го размножив.”

3. Да, Господ се сожали за Сион, се сожали за неговите урнатини. Неговата пустота ќе ја направи како Едем, а степата како Господовата Градина. Воскликнувања и радост ќе одекнуваат низ неа и благодарници и глас на пофална песна.

Исаија 51