5. Господ Бог ми ги отвори ушите: Не се противев, ниту се повлекував.
6. Им го подметнав грбот на оние кои ме удираа, а образите на оние што ми ја кубеа брадата, и своето лице не го скрив од навредите и од плукањето.
7. Господ Бог ми помогна, затоа не ќе се збунам. Затоа го направив својот образ како кремен, и знам дека нема да се засрамам.
8. Близу е оној Кој ми дава право. Кој ќе се правда со мене? Да излеземе заедно! Кој е мојот противник во парницата? Нека ми се приближи!
9. Ете, Господ Бог ми помага, кој ќе ме осуди? Сите тие ќе се истенчат како облека, молец ќе ги изеде.