1. „Чујте ме, острови, слушајте внимателно, далечни народи! Господ ме повика од мајчиното крило, уште од утробата на мојата мајка го спомна моето име.
2. Од мојата уста направи остар меч, ме скри во сенката на Својата рака, од мене направи остра стрела, ме засолна во Својот тул.
3. Ми рече: ‘Ти си Мој слуга, Израеле, во кого ќе се прославам!’