Исаија 46:2-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Паѓаат, се рушат сите заедно, не можат да ги спасат оние кои ги носат, туку и самите заминуваат во ропство.

3. „Слушај Ме, Јаковов доме, и сите што останавте од Израелевата куќа! Јас ве понесов туку што се родивте и ве носев од мајчиното крило.

4. Јас ќе останам ист до вашата старост, ќе ве потпирам до вашето побелување. Тоа го правев; ќе ве носам и натаму, ќе ви помагам, ќе ве избавувам.

5. Со кого би сте Ме споредиле и изедначиле, со кого би сте Ме споредиле, кому Сум му сличен?

6. Вадат злато од ќесето, и со мерилка мерат сребро, па немаат златар да направи бог од него, па пред него паѓаат ничкум и му се клањаат.

7. Го креваат на рамо и го носат, тогаш го ставаат на неговото место; тој стои и не се помрднува од него. Го повикуваат, тој не одговара, и никого не го спасува од неговата неволја.

8. Спомнете си за тоа и бидете луѓе, земете го тоа на срце, отпадници,

9. спомнете си за минатото: Јас Сум Бог, и нема друг Бог, никој не Ми е сличен!

Исаија 46