Исаија 44:24-26 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

24. Вака зборува Господ, твојот Искупител и твојот Творец во утробата: „Јас Сум Господ Кој Сум создал сè, Кој ги оптегна Сам небесата, и ја зацврстив земјата без ничија помош.

25. Јас ги осуетувам знаците на вражалецот, и маѓесниците ги претворувам во безумници; ги присилувам мудреците да се повлечат и нивната мудрост ја претворувам во безумие,

26. но го потврдувам словото на Својот слуга, го исполнувам наумот на Своите гласници. Јас му зборувам на Ерусалим: ‘Насели се!’ И на јудејските градови: ‘Изградете се!’ Јас ги издигам од урнатините.

Исаија 44